Работници во Радио телевизија Србија (РТС), групирани околу неформалната организација „Наш протест“, изразија загриженост поради фактот што никој од управата на јавниот сервис официјално не им се обратил од почетокот на блокадата на медиумот.
Тие додаваат дека инсистираат на утврдување одговорност за навредите кон студентите во програмата и бараат оставка од одговорните лица за тоа.
Во соопштението, вработените во РТС потенцираат дека немаат никакви насоки како да го остварат своето право на работа во оваа тешка ситуација. “Зошто менаџментот дискриминира со тоа што само мал дел од вработените ги кани на работа, а другиот поголем дел се игнорира? Зошто ни се ускратува правото на работа?”, прашаа од „Наш пРоТеСт“ во нивното обраќање.
Тие го повикаа раководството веднаш да стапи во контакт со нив и да даде јасни насоки. “Бараме да ги соопштите имињата и презимињата на лицата кои ги уредуваат вестите откако започна блокадата на зградите на РТС и емитувањето на програми од друга локација”, се вели во соопштението.
“Бараме од главниот уредник на Вести Ненад Љ. Стефановиќ и неговите помошници Горислав Папиќ и Зоран Станојевиќ итно да не известат кој е авторот на текстот во кој студентите во блокада ги споредуваат со нацистите, прочитан во „Дневник“ на 16 април”, се додава во соопштението. Вработените се прашуваат кој од уредниците одобрил текстот да се чита? “Бараме итно утврдување на имињата на авторите и уредниците и нивна итна оставка”, заклучува оваа група вработени во РТС во соопштението.
Студентите во блокада ги блокираат влезовите на РТС во центарот на Белград и на Кошутњак од минатиот понеделник.