Ова е фризурата што жените над 50 години треба да ја одбегнуваат, според познатиот фризер Џастин Хикокс
Долгата права коса е фризура што многу жени ја обожаваат и се обидуваат да ја негуваат косата за можат да ја носат токму вака. Оваа фризура им овозможува понекогаш да ја врзат косата во опавче или да си направат пунџа. Така автоматски добиваат поголема разновидност.
Меѓутоа, фризерот Џастин Хикокс вели дека колку и да е убава оваа фризура, никогаш не би им ја препорачал на жени постари од 50 години. Според него, ова е фризура што убаво им стои само на млади девојки.
„Тие не треба да носат права, долга коса“, вели експертот.
„Можеби самата коса ќе изгледа убаво, особено ако е добро негувана, но што вреди тоа кога не го истакнува лицето?“, посочува Џастин.
„Долгата права коса не може ни да ги нагласи атрактивните црти на лицето, ниту да ги скрие несовршеностите. Тоа е како со фустаните. Ако убаво паѓа низ телото и е скроен според фигурата, фустанот може да ги нагласи најубавите женски атрибути.
Тоа во фризирањето се постигнува со слоевито, степенесто потстрижување. А ако само ја пуштиме долгата коса да паѓа рамно, тоа е исто како да сте облекле долг, вреќест фустан. Колку и да е убав материјалот на тој фустан, женското тело не изгледа ‘никако’ во таков модел“, објаснува фризерот.
Поврзани објави
Многу жени го одбегнуваат степенестото потстрижување, бидејќи се плашат дека косата ќе им изгледа многу ретко и неизедначено. Овој фризер вели дека тоа може да се избегне доколку се примени едноставно правило: важно е под работ на париеталната коска (местото каде што лицето е најшироко) да нема голема разлика помеѓу должините на слоевите коса.
ФОТО: Unsplash