Почетна Убавина и здравјеПо ова, дефинитивно нема да ви се јави пак! – Убавина и здравје

По ова, дефинитивно нема да ви се јави пак! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Речиси 1000 мажи одговориле на прашањето што прво ги одбива кај жените и сите се согласиле околу едно нешто

Било спроведено исцрпно истражување околу тоа зошто мажите одбиле жена или одлучиле да не ѝ се јават по првото рандеву. Од илјадниците одговори, особено се истакнале две клучни причини.

Ако мислите дека физичкиот изглед е пресуден, се лажете, бидејќи тоа како изгледате не е пресудниот фактор што одредува дали ќе му се допаднете или не. Ако веќе одлучил да излезе со вас, привлечноста не е тоа што го преиспитува. Прашањето што мажите бараат од партнерката има едноставен одговор. Според истражувањето објавено во Journal of Experimental Social Psychology, тоа е љубезност и емпатија.

За време на првите неколку состаноци, мажите размислуваат за тоа дали имате заеднички теми, дали уживаат во разговорот, дали делувате интелигентно и дали би се вклопиле во неговиот живот. Постојат големи шанси дека воопшто нема да размислуваат за тоа дали сте изгледале малку подобро минатиот пат. А она што најмногу ги одбива кај жените на првиот состанок е лошото однесување.

Еве како одговориле на прашањето: што ве одбива на состанок?:

  • 34% лош разговор
  • 16% лоши манири
  • 35% лош карактер/ лошо однесување
  • 14% друго


Поврзани објави

Лошиот разговор е една од најголемите пречки кај мажите, бидејќи тоа им дава можност да ве запознаат. Лошиот разговор може да подразбира премногу или премалку зборување, фокусирање само на себе или откривање премногу лични информации (како разговор за бивши или емоционални драми). Исто така, тие не уживаат во разговорот со некој кој не знае што се случува во светот и зборува само за површни теми, како што се трачевите за познатите.

Лошите манири, според мажите, вклучуваат нељубезност кон келнерот, постојано гледање во телефонот, очекување мажот да ја плати сметката без да се заблагодарат и слично.

Лошиот карактер или однесување, според нивно мислење, вклучува фалење, материјализам, недостиг од смисла за хумор, но и тоа кога жената им делува неинтелигентно.

На крајот, категоријата „друго“ опфаќа пиење премногу алкохол, пушење и физички карактеристики, но интересно е што тие најчесто се поврзани со лошата хигиена – лош здив, неуредни заби и џвакање со отворена уста.

ФОТО: Sergey Sokolov / Unsplash