Лорен Санчез Безос од синоќа започнала нов живот
Лорен Санчез и Џеф Безос синоќа си разменија завети во познатиот италијански град на вода, Венеција, а денес се прошетаа низ градот и отидоа на ручек. Најпознатите младенци блескаат од среќа. Поранешната ТВ-водителка, која го додала презимето на сопругот до своето, ја покажала бурмата ведна дури 10 милиони долари, а сега се подготвуваат за завршната забава во рамките на тридневната прослава со што ја крунисале својата љубов, но и го окупираа едно од најромантичните места на светот.
Познатата двојка била фотографирана како излегува од хотелот „Шварц“ во придружба на обезбедување. А сликите од градот, на кои се гледа колку телохранители ги штитат, го надминуваат и Холивуд. Бурмата, инаку, е креација на брендот Lorraine Scwartz, кој бил задолжен и за венчалните прстени на Ким Кардашијан и Бијонсе. Прстенот од 35 карата бил најголемиот трошок на свадбата, која вкупно чинела 20 милиони долари.
Споменатата цифра од 20 милиони долари ги опфаќа и венчаницата на „Долче и Габана“ дизајнирана по мерка на Лорен Санчез, костим-фустанот на „Скјапарели“ и комплетот „Диор“ во кој вчера се упатила кон венчавката. Тој стајлинг бил инспириран од духот на стариот Холивуд, но и од стилот од италијанската ривиера од 1950-тите години.
Еуфоричниот Џеф Безос бил лежерно облечен, а со Лорен Санчез се упатил на ручек во Harry’s Bar, каде што некогаш оделе Ернест Хемингвеј и Чарли Чаплин. Невестата со вчерашниот стајлинг, па потоа со венчаницата и со овој црн мини-фустан направила промена во својот провокативен стил, иако мини-здолништето што го облекла денес го најавува враќањето на старо.
Како мажена жена (третпат), Лорен Санчез с еобидува да се прикаже како дама со стил, но голем број луѓе од социјалните мрежи тврдат дека тоа не ѝ успева.
Поврзани објави
Критичарите го критикуваат секој аспект од свадбата: дека младенците се расфрлаат со неверојатна сума на пари, додека пола свет гладува и умира, односно гинат во војната што се случува во Газа, дека е очигледно дека Лорен се омажила заради пари, што ќе се докаже со разводот кој ќе земе огромни пари од младоженецот, дека приказната за предбрачниот договор со кој е заштитено богатството на Безос е лажна, дека Санчез е целата оперирана со цел да изгледа како да има 20 години (а има 35 години повеќе), дека е моментално најпопуларната невеста е школски пример за спонзоруша, но и дека личи на Стивен Тајлер, па и на Џокер од истиомениот филм, иако сакала да изгледа како Софија Лорен.
„Бадијала парите, кога нема стил“, „Како ли отишла во тоалет во оваа венчаница“, критиките само се нижат.
Лорен Санчез и Џеф Безос кои се свршиле во мај 2023 година, а ја започнале врската во 2018, вечерва се подготвуваат за уште една гала-прослава. Во четвртокот организирале забава за добредојде, синоќа на островот Сан Џорџо Маџоре си размениле завети пред околу 200 гости, а денес, во Venetian Arsenal подготвуваат уште една веселба, на која ќе пеат Елтон Џон и Леди Гага, иако имало шпекулации дека познатите пејачи нема да дојдат во Венеција.
Најинтересниот податок е веста дека младенците се венчале пред да дојдат во Италија, и тоа пред еден месец во Америка.
Лорен Санчез го додала презимето на сопругот и на инстаграм-профилот, каде што ги избришала сите објави што се пред венчавката за основачот на „Амазон“ – од синоќа започнала нов живот.
ФОТО: Инстаграм