21
Пред да го послужите колачот, почекајте добро да се олади
Состојки:
- 1 кг тенки кори
- 500 г сечкани ореви
- 250 г суво грозје
- 250 г шеќер
- 1 дл масло
- 125 г путер
За преливот:
- 800 г шеќер
- 7 дл вода
Приготвување:
Поврзани објави
1. Ситно исечкајте ги оревите, па додајте суво грозје и шеќер. Стопете го путерот и помешајте го со маслото.
2. Ставајте по три кори и секоја од нив премачкувајте ја со путер, обилно посипувајте ја со ореви и продолжете така додека ги потрошите корите и оревите.
3. Приготвената баклава пресечете ја на коцки и печете ја на 180 степени околу 50 минути.
4. За преливот, ставете да зоврие вода со шеќер, оставете да се олади, па прелејте ја оладената баклава со ладен шербет.
ФОТО: Syed F Hashemi / Unsplash