Почетна Убавина и здравјеМажите не можат да им одолеат на овие мириси – Убавина и здравје

Мажите не можат да им одолеат на овие мириси – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Секоја од нив има свој омилен парфем, а Ријана го користи најскапиот

Ева Лонгорија, Анџелина Џоли и Ријана важат за едни од најубавите дами на светската јавна сцена, па познати се по во своите беспрекорни модни изданија. Меѓутоа, важен дел од стајлингот за секоја од нив е и парфемот, а неодамна откриле кој е нивниот омилен.

Ева Лонгорија – Victoria Beckham Beauty Portofino ’97

Victoria Beckham Beauty Portofino ’97 е луксузен унисекс парфем кој евоцира романтични спомени на италијанскиот брег. Главни ноти се калабриски бергамот и црн бибер, кои даваат свежина, додека средните ноти на килибар и темјан додаваат длабочина. Базните ноти на пачули и мошус оставаат софистицирана и долготрајна трага.

Инспирацијата за овој парфем потекнува од најраните заеднички моменти на Викторија и Дејвид Бекам во Портофино 1997 година. Шишенцето е елегантно во сина боја, која потсетува на Лигурското море. Парфемот честопати се опишува како свеж, заводлив и луксузен, со изразена долготрајност и среден интензитет. Идеален е за оние што претпочитаат софистицирани мириси со морски и дрвенести ноти. Цената на овој парфем е околу 200 евра.

Анџелина Џоли – Histoires de Parfums 1969

Histoires de Parfums 1969 припаѓа во категоријата на ориентални парфеми и се карактеризира со богата композиција на ноти на праска, роза, каранфилче, пачули, темно чоколадо, кафе и бел мошус. Овој парфем дава доза на еротика и претставува носталгична врска со симболичниот дух на 1960-тите години.


Поврзани објави

Мирисот се опишува како слоевит и интензивен, почнувајќи со овошни и цветни ноти кои преминуваа во зачинети и топли. Корисниците честопати го опишуваат како впечатлив, елегантен и по малку провокативен, додека некои истакнуваат дека евоцира чувство на слобода и носталгични летни вечери. Цената на овој парфем е од 100 до 150 евра.

Ријана – Kilian Love Don’t Be Shy

Раскошен и сладок мирис познат по изразените гурмански тонови. Главните акорди вклучуваат слатки ноти како маршмелоу, ванила и цветни тонови на цвет од портокал. Во основата на парфемот се препознаваат благи ноти на килибар кои придонесуваат за неговата долготрајност и сензуалност.

Овој мирис честопати се опишува како заводлив, романтичен и идеален за вечерни пригоди, но и за дневна употреба, особено за време на постудените денови. Неговата композиција ги привлекува љубителите на интензивни и слатки парфеми, додека некои го опишуваат како носталгичен и разигран, со арома на карамела и ванила. Цената на овој врвен парфем е околу 250 евра.

ФОТО: Siora Photography / Unsplash, Пинтрест