Се запознале пред 20 години во дискотека, еве што направи за неа
Пејачот Дадо Полумента на големо ја прослави промоцијата на албумот „Алеа“, а по тој повод ја собра цела естрада, меѓу кои и Сандра Африка.
Сандра воопшто не се срамеше да позира пред седмата сила. И кога никој не очекуваше таа си ја отвори душата и сподели детали од дружењето и познанството со Полумента.
Поврзани објави
Како колега и пријател е феноменален, не го велам тоа затоа што сум тука. Тој навистина е одличен пријател и затоа се дружиме многу години. Кога почнував со кариерата, пред нешто повеќе од 20 години за прв пат го запознав во дискотека за време на негов настап. Тогаш и прв пат ме слушна како пеам во живо. За Дадо можам да кажам само убави работи, рече пејачката, а потоа откри и зошто никогаш не соработувале:
„Не знам, немало можност за тоа“.
За потсетување, овој албум Дадо го посвети и именуваше по ќерка му, која неодамна имаше операција.
Фото: Инстаграм