Table of Contents
Едноставен рецепт
Одличен предлог за појадок или вечера
Овој вкусен оброк од тиквички и компири што заситува е нешто што задолжително треба да го приготвите за време на жешките денови.
Состојки:
Поврзани објави
- 600 г тиквички
- 500 г компири
- 4-5 јајца
- 2 дцл јогурт
- 2 дцл кисела вода
- 1 прашок за печиво
- 300 г пченкарно брашно
- 10 лажици пченично брашно
- 250-300 г сирење
- сол, бибер, оригано
Приготвување:
Изрендајте ги и посолете ги тиквичките. Изрендајте го и компирот. Изматете ги јајца со жица, па додајте им чаша јогурт, чаша кисела вода и чаша масло. Додајте пченкарно брашно, зачини, сирење, па рендан компир и тиквички. Сето тоа измешајте го и печете го на 200 степени Целзиусови околу 30 минути. Потоа, исечкајте два домата на кругови и наредете ги на врвот. Изрендајте околу 150 г сирење и вратете ја питата во рерна уште 10 минути.