Table of Contents
Ви откриваме 3 правила на Далај Лама за среќен живот – многу се едноставни
Постојат настани и ситуации во животот што се надвор од наша контрола, но според Далај Лама, постојат и такви на кои можеме да влијаеме. Главното нешто што можеме да го контролираме и нашиот живот. Вие самите ја создавате својата среќа, а таа се заснова на вашите лични избори и одлуки. Ако сакате да бидете среќни во животот, послушајте ги овие 3 совети на Далај Лама…
1. Пронајдете среќа во љубовта
Настојувајќи да пронајдат среќа, луѓето се фокусираат само на конечната цел и се откажуваат од тоа што го имаат. Бидете среќни сега и овде и бидете благодарни за тоа што го имате – работа, семејство, дом, пријатели… Кога ќе сфатите дека сте среќни и задоволни со својот живот, сè што посакувате, ќе ви се оствари многу полесно. Исто така, во животот понекогаш треба да ризикувате, да поместувате граници, да покажете колку сте подготвени за промени. Далај Лама вели: „Големата љубов и големите достигнувања изискуваат голем ризик.“
2. Што да направите ако дојде до криза во врската?
Поврзани објави
„Запомнете дека најдобрите односи се оние во кои вашата заедничка љубов ги надминува вашите заеднички потреби“. Далај Лама верува дека порано или подоцна може да се појави одредена иритација во врската. Секоја ситница, дури и онаа на која претходно не сте обрнувале внимание, почнува да ве нервира. Она што некогаш ви изгледало слатко, сега ви изгледа застрашувачко и негативно.
Кога сте во дилема во партнерскиот однос, одговорете си го ова прашање: дали навистина ја сакате оваа личност и дали сте подготвени да бидете со неа за 5 или 10 години? Љубовта и желбата за блискост мора да бидат обострани. Секој има право да љуби, но не и да ги искористува другите. Размислете за тоа кога ќе ја проценувате вашата врска.
3. Што кога не можете да направите ништо и паѓате во очај?
Една тибетска поговорка вели: „Трагедијата треба да се искористи како извор на сила“. Без оглед на тежината на болното искуство, ако изгубите надеж, ве очекува вистински бродолом. Ако сте погрешиле во изборот и ви се чини дека секој следен чекор ќе биде неуспешен, време е да погледнете подлабоко во себе. Прво, размислете дали навистина сте сигурни во она што го сакате. Не следете го она што другите го очекуваат од вас, туку тоа што ви го кажува вашата душа и внатрешен глас.