Ана рече дека на сите им недостасува Саша, и дека ништо нема да биде исто без него…
Денеска продолжи снимањето на емисијата Ѕвездите на Гранд, која беше прекината по смртта на креативниот директор на „Гранда“, Саша Поповиќ.
Ана Севиќ даде изјава за медиумите непосредно пред почетокот на емисијата и по тој повод се расплака на спомнувањето на Поповиќ.
Откако почина Сале, имавме кратко снимњање овде. Многу е тешко, но сите знаеме дека тоа е она што тој најмногу го сакаше, ова студио и шоу, и затоа ќе дадеме се од себе да бидеме на нивото што го очекуваше“, рече таа.
Ана ја откри и атмосферата меѓу членовите на жирито:
Поврзани објави
Сите во моментов се подготвуваат. Сите се обидуваме да се балансираме и да го направиме ова на најдобар можен начин“.
Водителката се присети и на нивната последна средба.
Никогаш не ме критикуваше, тоа беше само совет. Последен пат кога се видовме, бевме токму на оваа сцена на Ѕвездите на Гранд, не ни знаев дека последен пат ќе застанам со него на таа сцена во тој момент“, вели таа со грутка во грлото.
printskrin Youtube/Glossy.rs