Не ми се веруваше на очите вчера. Некој да ми кажувал дека првенците на ВМРО ДПМНЕ ќе ги видам среде Софија како се гушкаат со Радев, одат на опера, следени од глутница новинари, ќе сум се смеел со неверување… Но се случи и тоа и навистина честитки за Сиљановска и Муцунски за овој голем државнички потег.
Сиљановска пријатно ме изненади со умешноста да дава одмерени добри инспиративни визонерски одговори на прашањата на бугарските новинари. Нејзините советници се тресеа како сув лист да не каже претседателката некоја изјава што ќе ја запали Бугарија но претседателката беше профи, бриљираше!
Браво, што е следно, посета на Атина?! Приштина? Браво браво, само така ВМРОВЦИ, покажувате дека едно е изборна кампања а друго е водење држава и многу ми е мило што сте одговорни и сериозни, водењето држава не е изборен митинг во Долно Дупени каде ќе пукаш по цел балкан и цел свет, и посакувам така да ја водите државата и следните години додека сте на власт, тоа ќе биде добро за сите!