Преодната влада на Португалија денес објави пакет заеми и други чекори во вредност од над 10 милијарди евра, со цел да и помогне на економијата да ги надмине последиците од американските тарифи.
Премиерот Луис Монтенегро рече: „Светот што го знаевме се промени, мораме да се прилагодиме и да реагираме, нема сигурност што не чека, но не бевме изненадени“.
Португалскиот министер за стопанство, Педро Реис, изјави дека пакетот ќе опфати 5,2 милијарди евра за финансиски линии за тековниот капитал и инвестициите на претпријатијата, како и 3,5 милијарди евра наменети за вложувањата на извозниците, надополнети со 400 милиони евра дотации.