Актерката Хеден Панетиер почина, а причината за смртта сѐ уште не е потврдена
Актерката Хејден Панетиер почина на 36 години.
Хејден, позната по улогите во популарната серија на NBC „Херои“ и музичката драма „Нешвил“, остана запаметена и како свршеница на Владимир Кличко, со кого има единаесетгодишна ќерка.
„Со длабока тага ја споделуваме веста за трагичната смрт на нашата сакана Хејден. Таа беше неверојатна светлина и вистинска сила на природата, која им носеше неизмерна љубов и радост на сите што ја познаваа – како и на милионите луѓе кои ја гледаа на екраните“, се наведува во соопштението на портпаролот на актерката.
Причината за смртта сè уште не е потврдена, но се појавија наводи дека полицијата реагирала на инцидент во кој била вмешана актерката и дека истрагата е во тек.
Извори исто така изјавиле дека Хејден неодамна се жалела на болки во грбот, како и дека повторно се скарала со својот партнер Брајан Хикерсон, по што тој отпатувал од Лос Анџелес само еден ден пред нејзината трагична смрт.
Семејството на славната актерка сè уште нема закрепнато од тагата која ги погодила во 2023 година, кога нејзиниот брат Џенсен починал на 28-годишна возраст.
Хејден неодамна објави шокантни мемоари
Актерката неодамна ги објави своите мемоари, во кои откри дека „изгубила половина од својата душа“ по смртта на својот брат. Таа открила и дека стресот поради неговата загуба предизвикал нејзиното тело да „отече“, што ја довело до исклучително тешка и деструктивна состојба.
Поврзани објави
Во книгата актерката опишала како се справувала со славата и со тешкотиите во својот живот, истовремено борејќи се со зависност од дрога, која, според нејзините зборови, започнала уште на 15-годишна возраст.
Во тој период, таа тврдела дека почнала да зема „апчиња за среќа“ во обид да изгледа посреќно за време на интервјуата.
Нејзината зависност дополнително се влошила кога се борела со постпородилна депресија по раѓањето на нејзината ќерка Каја во 2014 година.
Сепак, Хејден во последните години била трезна. Во интервју од 2022 година таа открила дека тоа за неа претставува „секојдневна битка“.
„Тоа е секојдневен избор и постојано се преиспитувам себеси“, изјавила тогаш Хејден Панетиери за магазинот People.
„Но, едноставно сум бескрајно благодарна што повторно сум дел од овој свет и никогаш веќе нема да го земам здраво за готово.“
Таа исто така раскажала дека за малку ќе починела за време на породувањето, а подоцна, во 2018 година, додека се борела со постпородилната депресија, се откажала од старателството над својата ќерка во корист на нејзиниот поранешен сопруг, боксерот во тешка категорија Владимир Кличко.
Нејзината ќерка денес живее во Европа.
ФОТО: ИНСТАГРАМ