Мелина Галиќ, поранешната сопруга на Харис Џиновиќ, објави фотографија на која заводливо позира на јахта во елегантен син фустан со длабок шлиц.
По разводот од пејачoт Мелина се пресели во Монте Карло каде што продолжи да работи во високата мода.
Модната дизајнерка ретко објавува на социјалните мрежи, но сега направи исклучок и сподели фотографија на Инстаграм на која позира боса и со голи рамена во една од своите креации – елегантен син фустан со длабок шлиц.
Дека Мелина го проширила својот бизнис надвор од Србија и отворила престижна концепт продавница каде што продава фустани од својот бренд, неодамна потврди нејзината ќерка Џина, која им се обрати на своите следбеници преку Инстаграм.
Поврзани објави
Конечно можам да ви кажам дека го отворивме нашиот бренд во Монте Карло“, напиша наследничката на Харис и Мелина, која често престојува кај нејзината мајка и ѝ помага во работата.
Модната дизајнерка очигледно ужива во луксуз по разводот, што е потврдено од видео кое кружи на социјалните мрежи, на кое Мелина излегува од скап автомобил и влегува во едно од најелитните казина во светот, каде што само милионери можат да стапнат.
printskrin Youtube-k1 televizija melina dzinovic