Почетна СветПоради ниски плати ќе штрајкуваат вработени во МАНУ

Поради ниски плати ќе штрајкуваат вработени во МАНУ

од nenad
1 минути читај за

Од Сојузот на синдикати на Македонија соопштија дека членовите на Синдикалната организација на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), во која членуваат вработените во Секретаријатот и стручните единици на МАНУ, на 9 февруари 2023 ќе стапат во штрајк поради ниски плати.

Во известувањето се наведува дека ова е првпат во 56-годишното постоење на МАНУ вработените во Секретаријатот и стручните единици да стапат во штрајк.

– Причина за штрајкот се недостоинствено ниските плати на вработените во Секретаријатот и стручните единици на МАНУ, кои се далеку под просечната плата во РС Македонија, односно малку над минималната плата. Според Законот за МАНУ, МАНУ е највисоката самостојна научна и уметничка институција во државата, соопшти Сојуз на синдикатите на Македонија.

Академците на МАНУ нема да учествуваат во штрајкот, исто така ни научните соработници вработени во истражувачките центри на МАНУ.

Инспирирано од: infomax.mk