„Веќе не префрламе никакво оружје во Украина бидејќи сега се вооружуваме со најмодерното оружје“, изјави Матеуш Моравјецки за Полсат њуз.
Зборовите на Моравјецки дојдоа откако Полска го повика украинскиот амбасадор во Министерството за надворешни работи за да протестира против коментарите на претседателот Володимир Зеленски по одлуката на Полска да ја продолжи забраната за жито.Забраната беше воведена за да се заштитат полските земјоделци од напливот на увоз на жито и храна од Украина, откако руската инвазија во голема мера ги блокираше рутите на Украина преку пристаништата на Црното Море.
Зеленски му кажа на Генералното собрание на Обединетите нации дека Киев работи на зачувување на копнените патишта за извоз на жито, но додаде дека „политичкиот театар“ околу увозот на жито само и помага на Москва.Полска, Словачка и Унгарија најавија ограничување на увозот на жито од Украина во петокот, откако Европската комисија одлучи да не ја продолжи забраната за продажба во пет земји на ЕУ, вклучувајќи ги Романија и Бугарија.
Во Полска се одржуваат парламентарни избори на 15 октомври, а владејачката националистичка партија Право и правда (ПиС) наиде на критики од екстремната десница за, како што вели, покорниот однос на владата кон Украина.Украинското Министерство за надворешни работи повика на смиреност во спорот во средата, а портпаролот на Министерството за надворешни работи ги повика Полјаците „да ги остават настрана своите емоции“.