Жител на Радовиш предизвикал пожар на местото викано „Раклишки чаири“, во атар на радовишкото село Раклиш, при што била опожарена сува трева, родни дрва и тополи.
Тој вчера бил повикан во Полициската станица Радовиш на службен разговор, каде го признал делото.
Според информациите, се работи за Ф.Б.(70) од Радовиш, кој се сомничи дека на 19.09.2023 во 17.00 часот го предизвикал пожарот.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш, а повредени лица нема. За случајот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.