Почетна ПопуларноПолицијата одзема два мотоцикли: 235 санкционирани мотоциклисти за еден ден!

Полицијата одзема два мотоцикли: 235 санкционирани мотоциклисти за еден ден!

од nenad
1 минути читај за
t

Во текот на вчерашниот ден (04.07.2023) спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 235 возачи. Од нив, 140 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 48 возеле без возачка дозвола, два мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

.