Полицијата во Тирана разбила криминална група, составена од косовски државјани, кои нелегално од Косово внесувале експлозив, оружје и муниција во Албанија.
Запленети се 203 калапи тритол наменети за употреба на криминални групи во Албанија, кој го продавале по цена и до 5 илјади евра. Секој калап е тежок по 40 килограми. Исто така запленети се и 4 парчиња огнено оружје-пиштоли, три мобилни телефони и едно возило, изјави Тонин Воцај, директор на полицијата во Тирана.
Според него уапсени се косовските државјани Р.М, Л.П и Ш.Х, жители на Гњилане, а по двајца се трага. Додаде дека криминалната група била следена подолг период а нејзина специјалност бил шверцот на оружје, муниција и експлозив-тритол.
Post Views:
34
Извор : vesnik-ilinden.com
Полицијата во Тирана разби косовска група шверцери на оружје, муниција и експлозив