Почетна ЕкономијаПолитико: Маск наскоро се повлекува од директорската позиција во ДОГЕ, се враќа на бизнисот

Политико: Маск наскоро се повлекува од директорската позиција во ДОГЕ, се враќа на бизнисот

од nenad
1 минути читај за

Претседателот на САД, Доналд Трамп, им изјавил на своите кабинетски службеници и други блиски соработници дека Илон Маск, шефот на Канцеларијата за ефикасност на владата на Соединетите Американски Држави (ДОГЕ), наскоро ќе ја напушти функцијата, објави денес американскиот портал Политико, цитирајќи тројца извори запознаени со ситуацијата.

Според информациите на Политико, Трамп и Маск неодамна постигнале договор милијардерот да се врати на своите приватни проекти. Во моментов, ниту Белата куќа, ниту Маск не ги потврдија наводите на порталот.

ДОГЕ е формирана со цел да ги намали расходите на владините институции, како и да ги укине оние чии улоги се покажаа како непотребни.