Почетна ЕкономијаПознати неколку музички имиња за Дојран Д – Фест – на листата засега изоставена рок сцената

Познати неколку музички имиња за Дојран Д – Фест – на листата засега изоставена рок сцената

од nenad
1 минути читај за

„Д фестивал“ во Дојран ќе има на крајот од месец јули. Ќе се вика „Дојран Д-фест“, ќе трае три дена а ќе се реализира на три сцени со голем број на домашни и странски артисти. Повторно ќе пулсира музиката покрај езерото – со врвни изведувачи, диџеи, музичари, креативни работилници и секако, незаменливиот камп што го прави искуството потполно и незаборавно. Вака најави првиот човек на Дојран Анго Ангов кој склучи меморандум за соработка со „Висуал продакшн“ од Струмица кои се јавуваат како нови организатори на овој летен фестивал.

Дојран Д – Фест асоцира на будење покрај езерото со звукот на птиците, денови поминати во прекрасната дојранска природа, под сенките на столетните јавори. Дојран Д – Фест е синоним на топли летни ноќи исполнети со музика, дружба, забава и смеа.

„Фестивалот ќе биде во ист формат и стил како и досега. Ќе има камп зона, во градскиот парк ќе има две сцени со целодневна програма а главната сцена ќе биде на паркингот на Гранит каде ќе настапат познатите музички имиња. Засега договорени се Сенида, ДЏ Мосел, ДЏ Диволи, ДЏ Никифор, ДЏ Јоргос. Со тек на време ќе бидат објавувани и другите артисти кои ќе настапат на овој фестивал кој треба да премине и како балкански“, кажа градоначалникот Ангов, за порталот Дрнка.

Според горенавените почетни имиња, дали ова ќе значи крај на македонската рок сцена на Д-Фефстивал останува да видиме, имајќи во предвид дека на овој фестивал настапуваа голем број на македонски рок бендови.

Планот е Општина Дојран и ,,Висуал продакшн“ да потпишат Договор за реализација на овој фестивал во наредните пет години и да се донесе одлука на Совет за да не се случуваат работи во 5 до 12 се дислоцира фестивал.