По добиена инфорамција од 112 за пожар во село Речане, Општина Гостивар стапено е во контакт со ТППЕ Тетово кои известуваат дека веќе една екипа од 3 пожарникара и едно ПП возило е упатено кон пожарот, информираат од ЦУК.
Првичните информации говорат дека гори висока сува трева, нискостеблесто дрво, но има зафатено и мал простор со висока шума. Веднаш по пријавата на пожар во атарот на селото Речане е стапено во контак со вработен во Ј.П. Национални Шуми Подружница Шара-Гостивар и од нивна страна сме известени дека на терен се наоѓа и нивна екипа и веќе пристапила кон гаснење на пожарот. Известени се и ЕЛС Гостивар, Рак на РЦУК Тетово, Раководителот на РЦУК Гостивар, Рак на ДЗС Гостивар како и ПС Гостивар.Состојбата ќе се следи, велат од ЦУК.
.