Од името на јавниот стручен колегиум и јас како дел од него. Ги осудуваме сите несовесни и нестручни работења, со молба да не се генерализира проблемот врз целиот тим. Како специјалист доктор, оговорно тврдам до пациентите, од ноември 2022 година, сите ги уверувам, дека секој пациент ја добива препишаната терапија, дозата, типот на лек, согласно тоа што лекарите го препишале. Без никаква манипулација. Од ноември 2022 година, од кога сум на позицијата, стручниот колегиум, работи високопрофесионално – истакна Клисаровска.
Таа појасни дека со нејзино доаѓање било направено многу, воведен утрински состаноци, формиран онколошки конзилиум, во кој учествуваат најголем дел од искусните раководители на секој оддел.
– Присуствувам на секој колегиум и имаме записници од сите состаноци, на кои се реферира за секој пациент кај кого треба да започне терапија. Ажурирани се клиничките протоколи. Патеката на лекот, подразбира следење од влез во болницата, па се до пациентите. По воведувањето на таа патека, медицинското лице се дрзна пак да посегне по лековите, по што беше отстранета од стручни служби, и потоа доби известување од нашата институција, и доби отказ од клиниката со отказно решение. Јас не давам ниту една шанса на кој крадел од лековите, за претходниците не можам да зборувам – истакна Клисаровска.
.