Во текот на вчерашната ноќ, ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани 170 кубни метри отпад од неколку обемни диви депонии лоцирани во скопската општина Чаир. Активностите се реализираа на улицата Славеј планина – во непосредна близина на скопското Теќе, на улицата Џон Кенеди, како и на булеварот Втора македонска бригада. Интервенирано е и на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) – на игралиштето спроти Амбасадата на САД, што веќе подолг период претставува т.н. „црна точка“ каде што континуирано непрописно се одлага отпад на јавни и сообраќајни површини. По подигнувањето на отпадот, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршија рачно миење на локациите.