13
Погребот на починатите во пожарот во Кочани ќе се одржи утре.
Погребните церемонии ќе бидат во 11 часот во Штип, во 12 часот во Кочани и во 13 часот во Облешево.
Поврзани објави
Останатите погреби ќе се одржат исто така во текот на утрешниот ден во различни временски периоди.
Свештениците од локалните цркви ќе ги контактираат семејствата со детали околу погребот, информираат од Центарот за управување со кризи.
Оттаму ги замолуваат сите граѓани на разумно постапување и достоинствено испраќање на жртвите во трагедијата во Кочани.