Почетна Убавина и здравје Овие намирници се совршени за домашни маски кои ќе направат вашата кожа да изгледа беспрекорно!

Овие намирници се совршени за домашни маски кои ќе направат вашата кожа да изгледа беспрекорно!

од nenad
2 минути читај за

За мека и здрава кожа!


Никола Џос, козметичарка на многу славни личности како Меган Маркл, Гвинет Палтроу и Пријанка Чопра, сподели кои намирници ги преферира за креирање на домашни маски за блескава кожа.

„Домашните маски за лице се неверојатни и потполно ги одобрувам. Лесни се, бесплатни и имате целосна контрола врз состојките кои ги ставате на кожата. Токму затоа, повеќето од моите клиенти ги обожаваат“ – изјави таа.

Кокосово масло

Џос вели дека кокосовото масло е фантастична основа за домашни маски, затоа што лесно се меша со други состојки. Исто така, кокосовото масло може да се користи и самостојно и на кожата и на косата.

Куркума


Поврзани објави

„Куркумата е одлична состојка со многу бенефиции за кожата. Смирува и помага за намалување на воспалението и затнувањето на порите. Куркумата помешана со кокосово масло е едноставен рецепт за поблескава и хидрирана кожа“ – советува Џос.

Мед

Џос го препорачува медот за смирување на иритирана и сува кожа и вели дека најдобра комбинација е да се изблендира мед заедно со овесни снегулки.

Белка од јајце

Посакувате блескава кожа со здрав младешки сјај? Џос е категорична дека белката од јајце е фантастичен сојузник во постигнувањето на таа мисија.


ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING