94
Магичната вечер која никој нема да ја заборави, се случи синоќа.
Наша Кисела Вода повторно живее!
Повеќе од 30 000 посетители се собраа во Расадник, на финалето од Културното лето каде концерт одржа Петар Грашо, а вовед во музичката приказна даде Жаре Бербер со ,,Галама” бенд.
Не постои човек кој замина од таму без преубави спомени.
До доцна во ноќта во еден глас се пееја силно емотивните хитови на можеби најголемата балканска ѕвезда во моментов.
Петар Грашо не ја освои само сцената, синоќа тој испиша една од најубавите страници во историјата на културно-забавниот живот на нашата општина.
Секако, голема е заслугата и на Жаре Бербер, кој со својот Галама бенд направи толку добра атмосфера што дури и дождот кој се закануваше на почетокот, не ја спречи реката од народ која пристигна во Расадник да игра, да пее и да ужива.
Бескрајната приказна на Кисела Вода која станува сѐ подобра, во целост го оправда годинешниот слоган и постави пред себе уште повисоки критериуми за следната година.
Ви благодарам на сите!