Мое драго мало девојче,
Кога бев мала како тебе, верував дека животот се заработува ако доволно силно го сакаш. Денес знам – животот не се заработува. Тој се трпи. И се сака. И покрај сè.
Никој нема да те научи како да останеш нежна во свет што ја величи грубоста. Никој нема да ти честита за солзите што не си ги криела, ниту за зборовите што трепереле на работ на твоите усни, но не си ги изговорила.
Но запомни: она што те прави слаба, те прави навистина силна. Не мораш никому да го докажуваш тоа.
Самиот живот, кога ќе дојде време, ќе покаже кој бил направен од челик, а кој од душа.
Ќе носиш во себе зборови што никој никогаш нема да ги каже. Љубови што нема да знаеш каде да ги ставиш. Рани што никој нема да ги забележи.
И сè ќе го завиткаш во насмевка. Затоа што така нè учат – дека болката не се покажува, дека грижите се носат тивко, дека никогаш не треба премногу да се надеваме.
Но знај, драга моја, сè што си почувствувала длабоко – има вредност. Ништо не е залудно ако си била искрена додека си сакала, чекала, верувала.
Не дозволувај да станеш попаметна од твоите чувства. Има време за лекции.
Текстот продолжува на следната страна