И покрај повредата, Славен Ѓукановиќ не ги откажа настапите и ја крена атмосферата на високо ниво во подгорички клуб.
Славен Ѓукановиќ пред неколку дена ја повреди ногата на еден настап и мораше да заврши во гипс. Иако лекарите му препорачаа мирување, тој не се откажа од сцената.
На последниот настап во клуб во Подгорица, седеше на столче цело време, но публиката не забележа ништо. Дури кога ја подигна ногата и покажа дека е во гипс, сите останаа изненадени.
Не знам ни сам како се случи, само ја извртив ногата. Болеше многу, отидов на преглед и ми ставија гипс. Но нема да откажувам настапи, ќе ги испочитувам сите договори“, искрено рече Ѓукановиќ.
Пејачот неодамна во подкаст откри и непријатно искуство со издавачка куќа. Верувал дека Драгана Мирковиќ барала 15.000 евра за промоција на неговата песна, но подоцна сфатил дека бил изманипулиран и ѝ се извинил за недоразбирањето.
Фото: printskrin Youtube Zvezde Granda