Јована и Жељко Јоксимовиќ ненадејно раскинаа.
Јована и Жељко Јоксимовиќ се во љубов петнаесет години, се заљубија додека работеле на заедничкиот проект, Евровизија 2008 година. Иако Јована тогаш беше свршена со Александар Зеремски, набрзо го остави и почна врска со пејачот. Сепак, има нешто што не сакаат да го паметат, а тоа е нивната разделба по три години љубов.
Имено, само 15 дена откако пејачот ја запроси водителката, Јована и Жељко Јоксимовиќ раскинаа. Упатените тогаш изјавија дека причината биле несогласувањата во нивната врска кои ја совладале љубовта.
Јоксимовиќ тогаш не го криеше раскинувањето.
Поврзани објави
Така е, повеќе не сме заедно. Од почит кон Јована и прекрасното време што го поминавме заедно, не сакам да ги наведувам причините поради кои раскинавме. Всушност, нема конкретна причина. Едноставно, почнавме да се оддалечуваме. Некои работи не можеа да функционираат како што сакавме двајцата – изјави тогаш Жељко.
Набрзо следуваше смирување во Тиват, каде што Жељко имаше настап, а Јована дојде со приватен авион да го посети.
Оттогаш двајцата никогаш не се разделија, ниту пак се има слушнато некоја приказна за брачна криза во јавноста. Важат за еден од најхармоничните парови на јавната сцена, двајцата им се посветени на своите деца, кои се круна на нивната љубов, а многу се успешни и во бизнисот.
Фото: Милош Надаждин