Почетна Убавина и здравјеЗошто ни е потребен магнезиумот? Колку и како е најдобро да се консумира?

Зошто ни е потребен магнезиумот? Колку и како е најдобро да се консумира?

од nenad
1 минути читај за

Магнезиумот игра важна улога во работата на кардиоваскуларниот систем, нервниот систем, мускулите, бубрезите, црниот дроб, жлездите што лачат хормони и мозокот. Тој се апсорбира преку цревата и потоа со помош на крвта се транспортира до клетките и органите, каде што се складира.

Денес научниците веруваат дека магнезиумот помага во превенцијата и лекувањето на многу болести како астма, аутизам, срцеви заболувања, епилепсија, ХИВ/Сида, мултиплекс склероза, ПМС и лупус.

Симптоми при недостиг на магнезиум

Магнезиумот учествува во различни реакции и функции на организмот. Две третини или 60% од магнезиумот во телото се наоѓа во коските, 35% во срцевиот мускул и скелетните мускули, а остатокот во бубрезите, црниот дроб и мозокот. Поради тоа, симптомите при недостиг на магнезиум се најразлични. Најчести симптоми се:

  • Недостаток на апетит
  • Слабост или грчеви во мускулите
  • Аритмија или забрзано отчукување на срцето
  • Главоболка
  • Висок крвен притисок
  • Покачување на телесната тежина
  • Депресија
  • Мачнина


Поврзани објави

Препорачани дневни дози

Препорачаните дневни потреби за магнезиум се:

Новородени (0-6 месеци) – 30mg
Новородени (7-12 месеци) – 75mg
Деца (1-3 години) – 80mg
Деца (4-8 години) – 130mg
Тинејџери (14-18 години) – 360 до 410mg
Мажи (19-30 години) – 400mg
Мажи (31 година и нагоре) – 420mg
Жени (19-30 години) – 310mg
Жени (31 година и нагоре) – 320mg
Бремени жени (19 години и нагоре) – 350 до 360mg
Доилки (19 години и нагоре) – 310 до 320mg

Храна богата со магнезиум

Повеќето растенија и јаткасти плодови содржат магнезиум. Консумирањето на сончоглед, соја, ореви, семки од тиква, грав, леќа или интегрален леб, зелена салата, морска риба, банани и чоколадо го покачува нивото на магнезиум во организмот.