За еден ден пејачката објави дури две песни..
Младата музичка ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ ги изненади своите фанови со големото враќање на музичката сцена, со стил кој ретко се гледа.
За еден ден пејачката објави дури две песни, а веќе при објавата предизвика големо внимание кај публиката, додека објавите на социјалните мрежи беа преплавени со позитивни коментари.
Првата песна наречена „Kadar“ е придружена со високобуџетен спот снимен во најголемото студио на Балканот.
Втората песна „Prava“ носи емотивна приказна и веќе се заканува да стане хит, освојувајќи ги срцата на публиката благодарение на моќниот текст и енергичната мелодија.
Поврзани објави
По повод овој музички подвиг, Анастасија рече:
По долга пауза, многу сум среќна што имам можност повторно да и подарам на мојата публика нови песни и се надевам дека ќе и се допаднат! Песните се многу различни една од друга, но сигурна сум дека секоја ќе си го најде патот до својот слушател. Сакам да експериментирам со музиката и да се испробувам во разни варијации, овие песни се вистински показател за тоа. Со нетрпение ги очекувам реакциите за новите проекти, од кои ќе има повеќе во наредниот период“.
Фото: printskrin Youtube/Anastasija Raznatovic
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: