Екс-разузнавач на американскиот маринци, Скот Ритер, анализира дека вооружените сили на Украина изгубиле повеќе од 300.000 луѓе (мртви и исчезнати).
„Украина се обидува да ги потцени своите загуби, но факт е дека тие се многу повеќе од официјалните податоци“, вели Ритер.
Вели дека врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, за време на разговорот со првиот човек на Здружениот Генералштаб на Пентагон, генерал Марк Мили, рекол дека загинале 250.000 украински војници.
„Во исто време, исчезнати се околу 83.000 војници на вооружените сили на Украина, а од нив, најверојатно, околу 60.000 се мртви. Ова дава приближна бројка од 315.000 загинати“, анализира Ритер.Претходно, украинската власта призна дека има околу 100.000 загинати војници, откако шефицата на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен ја спомена таа бројка. Војната почна лани на 24 февруари. Русија со месеци се обидува да го заземе градот Бахмут.
