Според најновото испитување на Државната комисија за превенција на корупцијата, Берово зазема висока позиција на листата на општини според степенот на остварување и спроведување на системот за интегритет.
Оваа информација ја објави градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, кој изрази среќа што Берово се наоѓа на врвот, меѓу институциите со интегритет и без корупција.
“Под интегритет се подразбира законито, независно, непристрасно, етичко, одговорно и транспарентно вршење на работи со кои службените лица го чуваат својот углед и угледот на институцијата во која одговорно лице, односно вработените, ги елиминираат ризиците и ги отстрануваат сомневањата во можноста од настанување и развој на корупција,” истакна Пекевски. Според него, истражувањето има влијание за обезбедување на доверба на граѓаните во извршувањето на јавните функции и во работењето на јавните институции.
“Работата и трудот, како што додаде тој секогаш носат резултати. Продолжуваме и понатаму да работиме, во интерес на граѓаните на Општина Берово, законито, одговорно и транспарентно,” подвлече Пекевски.
Фото: Општина Берово