Почетна ТехнологијаПавле Трајанов побара Информација од МВР за грозоморните убиства

Павле Трајанов побара Информација од МВР за грозоморните убиства

од nenad
1 минути читај за




На денешната седница на Комисијата за одбрана и безбедност, пратеникот и претседател на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, бара МВР до Собранието да достави Информација за грозоморните убиства на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, во која ке бидат опфатени сите аспекти поврзани со ликвидацијата на Вања и Панче, вклучително и активностите и мерките на МВР, како и на другите служби за безбедност.И покрај сите апели да не се политизираат овие грозоморни настани, секојдневно се соочуваме со обиди на СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски да ја релативизираат и префрлат одговорноста на други партии и поединци.

   

Само преку сеопфатна анализа може да се дојде до клучните оценки за поставеноста и дејствувањето на системот, превенцијата, системските слабости, последици од партизацијата,толеранцијата на криминалните и екстремни однесувања, политичката заштита на говорот на омраза, неоснованите напади на неистомисленици итн.Парламентот треба да расправа и за можна политичка одговорност на носителите на власт.Комисијата го прифати предлогот, при што го задолжи министерот за внатрешни работи во рок од 15 дена да достави Информација до Комисијата за одбрана и безбедност.