Животот на познатитеАктерот Силвестер Сталоне сподели со јавноста вести за здравјето на својот колега Брус Вилис, откако Вилис засекогаш се повлече од светот на филмот поради тешка болест на почетокот од оваа година.Во интервју за Холивуд Репортер, Сталоне откри како е Брус.„Брус минува низ навистина, навистина тешко време. Тој не може да комуницира со никого. Тоа ме убива. Тоа е толку тажно“, рече Сталоне. Вилис и Сталоне работеа заедно на два филма од трилогијата “The Expendables“, а во третото продолжение Вилис беше заменет со Харисон Форд. Поврзани објавиКога дијагнозата на Вилис беше објавена во март, Сталоне беше меѓу првите кои стигнаа со порака за поддршка на социјалните мрежи. Заедно со неколку слики од Вилис, Сталоне напиша: „Се знаеме отсекогаш. Се молам за тебе и твоето прекрасно семејство“.Да потсетиме, семејството на Брус Вилис на крајот на март потврди дека му била дијагностицирана афазија, катастрофална состојба на мозокот што може да доведе до губење на способноста за разбирање или изразување на говорот. Вилис целосно се повлече од јавниот живот и од неговото пензионирање, информациите за неговата здравствена состојба се протекуваат речиси со лажица.
Откриени ШОКАНТНИ детали за состојбата на Брус Вилис по ТЕШКАТА ДИЈАГНОЗА! Разочарувачки вести пристигнаа од актерот Сталоне!
92