Откако Сека Алексиќ се огласи за изгледот и стајлингот на Цеца, се огласи и шминкерот на Светлана…
Сека Алексиќ неодамна го искажа своето критичко мислење за облеката, фризурата и шминката на поп-ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ, а потоа настана вистински хаос.
Сека не застана тука. Продолжи на социјалната мрежа Х.
Таа заслужува да изгледа подобро. Жената е убава, што не е јасно?! Мое мислење е дека шминката и косата треба да и бидат подобри, жената е врвна ѕвезда и го заслужува тоа. Вурдељ и Лазо најдобро си ја вршеа работата, но полесно е да не се коментира што кажав туку да се фатиш за еден збор. Ништо ново. И тогаш некои нејзини пријатели и ликови од реалните шоу програми ме навредуваа мене и моето семејство. Немам комплекси што утре Цеца може да ми каже: „Секо, овде ти е лоша шминката“, би рекла: „Ти благодарам“, ќе размислам дали ми ја кажала вистината. Никогаш не би терала пријатели да плукаат по неа и нејзиното семејство. Не размислуваме сите исто, не забележувајте“ – напиша Сека.
Поврзани објави
По зборовите на Сека, на својот Инстаграм профил се огласи Стеван Радивојевиќ.
Секо, ти добро знаеш дека ми беше мила и драга (до сега), дека доаѓав на твоите настапи и ја слушам твојата стара музика. Би те замолил да не ме чепкаш, бидејќи ако возвратам, за пет дена ќе изгубиш 20 килограми! И не е христијанско да се допираат луѓето и нивните професии. Денеска е голем празник, а јас постам секој пост и не би сакал да згрешам! Претпоставувам знаеш дека е празник, ти си голем христијанин?! – напиша тој.
Фото: printskrin Youtube/ALO. RS, printscreen/Instagram/stevansurles и printscreen/X
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: