Пејачот долго време не се појавувал на јавни настани, но во последните месеци не контактирал ниту со својата поранешна девојка со која е многу близок.
Милан Станковиќ целосно исчезна од јавноста, но тоа не би изненадило никого со оглед на тоа дека пејачот долго време не е во медиумите и е целосно посветен на својата религија. Меѓутоа, откако неговата пријателка и поранешна партнерка Рада Манојловиќ призна дека изгубила секаков контакт со него, фановите на Милан се загрижија.
Рада неодамна беше прашана од новинарите за нејзината врска со Станковиќ, а таа тогаш рече дека за прв пат не знае што се случува со него.
Не знам што се случува со Милан Станковиќ. Не знам ништо за него. Ова е прв пат да не знам ништо за него. Буквално исчезна“ – изјави пејачката.
По нејзините зборови, Милан се огласи на својот Инстаграм и објави видео од дворот на манастирот Жича. Пејачот очигледно повторно нашол мир на свето место.
Поврзани објави
Да потсетиме, тој до неодамна престојуваше во Хиландар, на планината Света Гора, каде често одеше во претходните години.
Фото: Инстаграм
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: