Опра во тесни хеланки ја покажала фигурата по користењето Оземпик – никогаш не била послаба
Опра Винфри ја шокира јавноста кон крајот на минатата година кога призна дека го зема лекот Оземпик, кој е наменет за дијабетичари, но многу познати ѕвезди го користат за слабеење. Сега, на новите фотографии изгледа најслабо досега.
Откако призна дека користела лекови за дијабетес за да ослабе, Опра го покажала неверојатниот напредок на новите фотографии од Санта Барбара, Калифорнија, кога била фотографирана со нејзината пријателка Марија Шрајвер.
Легендарната американска водителка прошетала во спортска облека додека одела на тренинг со пријателката, а на многумина им изгледала уште послабо во споредба со претходните појавувања.
Поврзани објави
И покрај нејзиното првично негирање дека ги користи овие таблети, на крајот призна дека ги користела и продолжи да ја брани употребата на овој „додаток во исхраната“, а ги искритикува и оние што се обиделе да ја посрамат.
Опра неодамна симна повеќе од 20 килограми, благодарение на овие таблети за слабеење и редовното вежбање.
Порано оваа година го објави и ТВ-документарецот: „Опра специјал: срам, вина и револуција во намалувањето на тежината“, во којшто ги напаѓа оние кои ги посрамотуваат луѓето што користат лекови за слабеење.
Откако проговори за користењето Оземпик, Опра отвори некои од потрауматичните искуства што ги доживеала за време на својот повеќедецениски пат кон намалувањето на тежината.