76
„Република Косово официјално аплицираше за членство во ЕУ, исполнувајќи го сонот и стремежот на нашиот народ да не види како дел од семејството на Европската унија“, напиша на Твитер претседтелката на Република Косово Вјоса Османи, која во четвртокот попладне го објави официјалниот документ за апликација за членство во ЕУ, пренесе косовскиот медиум РТК.
Османи изјави дека Косово ја избра Европа, бидејќи Косово е Европа.