Почетна ЕкономијаПретседателот на Еквадор ја суспендира декриминализацијата на поседување на мали количини дрога

Претседателот на Еквадор ја суспендира декриминализацијата на поседување на мали количини дрога

од nenad
1 минути читај за

– Новиот претседател на Еквадор, Даниел Нобоа ја укина декриминализацијата на поседување на мали количини дрога, со цел да го стопира „микро-шверцот“.

Декриминализацијата беше воведена од поранешниот социјалистички претседател Рафаел Кореа (кој беше на власт од 2007 до 2017 година) за да и помогне на полицијата да се фокусира на шверцерите на дрога, а не само на корисниците.

Нобоа, кој се опишува себеси како левичарски центар, но е поддржан од десничарските сили, е наследник на бизнис со банана.

Тој вети укинување за време на неговата изборна кампања, тврдејќи дека декриминализацијата на поседувањето „ја охрабрува микро-трговијата во училиштата и раѓа цела генерација на зависници деца“.

Во Еквадор, лоциран помеѓу два главни извозници на кокаин – Колумбија и Перу, изминатите години беше забележана експлозија на насилство меѓу бандите поврзани со колумбиските и мексиканските картели.

Од 2018 до 2022 година бројот на убиства во земјава е зголемен четирипати, достигнувајќи рекордно ниво од 26 жртви на 100. 000 жители.

Нобоа (35), најмладиот претседател во историјата на Еквадор, како одговор на насилството вети дека ќе воведе вонредна состојба и ќе укине некои основни права како слободата на движење и ќе ја распореди војската на улиците.

Тој беше избран за претседател во средината на октомври, а функцијата ја презеде на 23 ноември.  ми/фото: ЕПА .

Извор: МИА