Денеска Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ имаше средба со претставникот на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, на која беше потенцирано дека Македонија претставува позитивен пример за решавање на отворените прашања со соседите и напредување кон ЕУ. Маричиќ изјави дека се залагаме и поддржуваме политики базирани на европските вредности кои не гледаат назад во минатото, туку нудат стабилност, просперитет и благосостојба за нашите граѓани. Соговорниците го потврдија изборот Охрид да биде место за преговори за нормализација на односите Белград Приштина, а премиерот Димитар Ковачевски домаќин на средбата беше доказ за тоа дека Северна Македонија е синоним за конструктивен дијалог, зрелост и одговорност во регионот. На средбата беше изразено очекување дека Северна Македонија треба брзо да напредува во реформите и да го зачува континуитетот на пристапните преговори со ЕУ.
Опалена куќа во охридско село поради громот
92