Почетна ЕкономијаОрбан: Договорот ЕУ-САД е полош од оној со Велика Британија

Орбан: Договорот ЕУ-САД е полош од оној со Велика Британија

од nenad
1 минути читај за

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, смета дека новото трговско споразумение помеѓу Европската Унија и Соединетите Американски Држави е “неповолно” и во понеповолна позиција од претходниот договор што САД го потпишаа со Обединетото Кралство.

“Тоа не е договор. Трамп ја изеде Урсула фон дер Лајен за појадок. Американскиот претседател е тешка категорија во преговорите, додека таа е лесна категорија”, рече Орбан во еден унгарски подкаст.

Новиот договор предвидува давачки од 15 проценти за поголем дел од производите од ЕУ, што претставува значително намалување во споредба со 30-те проценти царини со кои Трамп претходно се закануваше.

Сепак, според Орбан, условите сè уште се неправедни. Спогодбата со Велика Британија, постигната на почетокот на мај, предвидува увозни давачки во САД од 10 проценти за голем асортиман на стоки, вклучувајќи до 100.000 автомобили годишно.