Почетна БалканОнана се враќа во Јунајтед на 1 февруари – Курир

Онана се враќа во Јунајтед на 1 февруари – Курир

од nenad
1 минути читај за
Онана се враќа во Јунајтед на 1 февруари

Facebook / Manchester United

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, соопшти дека голманот Андре Онана ќе се врати во тимот в четврток, 1 февруари.

Фудбалерот учествуваше на Африканскиот куп како дел од репрезентацијата на Камерун. Камерунците доживеаја елиминација во 1/8 финалето, губејќи од Нигерија (0:2).

-Андре ќе биде со нас во четврток. Можеби сега конечно можам да изберам состав од нашите најсилни играчи, изјави Тен Хаг за официјалниот сајт на клубот од „Олд Трафорд“.

На Африканскиот куп, Онана бранеше на само еден натпревар – против Сенегал (1:3) во групната фаза на турнирот.

Извор : Kurir.mk

Онана се враќа во Јунајтед на 1 февруари