Почетна Убавина и здравјеОмилен на целото семејство! – Убавина и здравје

Омилен на целото семејство! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Куглофот е еден од најстарите колачи во светот. Заедничко за сите видови на овој деликатес е неговата кружна форма, која се добива од специјални калапи.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ

5 јајца

150 гр путер

240 гр шеќер

400 мл млеко

1 лажица прашок за пециво

300 гр брашно

Поврзани објави

80 гр какао во прав

1 лажичка екстракт од ванила

 

ПОДГОТОВКА:

Во сад измешајте ги јајцата со шеќерот и путерот, додадете млеко, арома на ванила, брашно и прашок за пециво.

Смесата поделете ја на два дела. Во еден дел измешајте какао.

Во средината на калапот за куглоф се става една чаша, превртена наопаку (да биде дното на чашата нагоре). Истурете ја смесата околу чашата една по една наизменично во калапот.

Кога ќе ја искористите целата смеса, извлечете ја чашата.

Печете на 180 степени 45 минути.