Почетна ЕкономијаОд утре целосна забрана за риболов на реката Треска – казната е 250 евра

Од утре целосна забрана за риболов на реката Треска – казната е 250 евра

од nenad
1 минути читај за

Од 1 ноември 2026 година стапува на сила забрана за риболов на реката Треска во Скопје. Целта на оваа мерка е да се овозможи непречено мрестење на рибите и да се заштити природниот рибен фонд.

Надлежните апелираат до риболовците да не ловат риба во периодот на забраната и да придонесат за зачувување и обновување на рибната популација. Посочуваат дека одговорното однесување на сите учесници е клучно за одржување на природната рамнотежа во реката.

За лицата кои нема да ја почитуваат забраната и ќе бидат затекнати при риболов, ќе следуваат прекршочни пријави согласно член 101 став (1) точка 3, во врска со член 37 став (1) од Законот за рибарство и аквакултура.

Предвидената парична казна за овој прекршок изнесува 250 евра. Дополнително, против сторителите ќе биде поднесена и кривична пријава за кривичното дело „Незаконит риболов“, согласно член 229 став (1) од Кривичниот законик.

Надлежните потсетуваат дека забраната е важна за заштита на рибите во периодот на нивното размножување и повикуваат на нејзино доследно почитување. Целта е да се зачува биолошкиот потенцијал на реката Треска и да се обезбеди нејзиното богатство и за идните генерации.