Џенис Дикинсон беше првиот супермодел и жена со божествена убавина, но потоа целосно се уништила со операции и ботокс
Џенис Дикинсон некогаш го освојуваше светот со убавината, беше првиот супермодел, но потоа посака да ја задржи младоста по секоја цена, па со многуте пластични операции комплетно го уништи лицето.
За жал, од нејзината природна убавина не останало речиси ништо, бидејќи претераното користење ботокс и пластичните операции, и тоа како оставиле трага на нејзиното лице.
Џенис денес има 68 години, може да се пофали со фит-става, но од друга страна, очигледно е дека повеќепати легнала под нож. Нејзиното лице е затегнато до таа мера што Џенис едвај ги држи очите отворени, додека нејзината уста е крајно деформирана.
Џенис на почетокот на 1970-тите била една од најангажираните и најбараните манекенки во светот, а нејзината убавина, бујната коса, полните усни и широката насмевка го воодушевуваа целиот свет.
Соработувала со бројни познати брендови и ги красела насловните страници на влијателни магазини – само на насловната страница на „Вог“ се нашла 37 пати.
Манекенката денес е во брак со шест години постариот психијатар Роберт Гернер, кого го запознала во 2012 година на состанок на слепо.
Поврзани објави
Токму Гернер ѝ бил најголема поддршка на оваа дама додека се лечела од рак на дојка во 2016 година и поминувала низ хемотерапии, а откако ја преброделе оваа криза, си ги размениле брачните завети.
Со Џенис се врзува и скандалот во кој е вклучен славниот актер Силвестер Сталоне. Сталоне на почетокот на 1990-тите бил во врска со сегашната сопруга Џенифер Флевин, а потоа преку писмо ѝ соопштил дека раскинува со неа поради Џенис.
Таа во 1994 година ја родила ќерката Савана, а Силвестер верувал дека таа е негова ќерка, па така го добила неговото презиме по раѓањето. Актерот и Џенис биле свршени шест месеци, а неколку недели откако манекенката се породила, се разделиле, бидејќи ДНК-тест покажал дека Сталоне не е таткото на Савана.
Потоа, Џенис ја изненадила јавноста кога во автобиографијата No Lifeguard On Duty од 2002 година открила дека спиела со тројца мажи во растојание од само неколку дена.
Излегло дека таткото на нејзината ќерка е филмскиот продуцент Мајкл Бирнбаум. Џенис има и син Нејтан Филдс од бракот со телевизискиот продуцент Сајмон Филдс.
Беше неверојатно убава и сон на секој маж: Потоа ја откри пластичната хирургија и целосно се уништи!