Овој трик ќе ви помогне цвеќето никогаш да не ви овене, а многу е едноставен
За да биде беспрекорно, на цвеќето му треба посебна нега, а постојат разни трикови што можат да придонесат за неговиот напредок и да го одржат во живот. Имено, за еден од тие трикови, ќе ви треба филтер за кафе.
Малите хартиени филтри имаат повеќе намени, а некои се многу корисни за билките и градината. Не е тешко да се применат: првиот чекор е да ставите филтер за кафе на дното од саксијата за цвеќе. Треба да го ставите помеѓу земјата и одводниот отвор на саксијата, каде што обично минуваат водата и нечистотиите. Кога ќе го направите тоа, филтерот ќе ја пропушта водата, а ќе ги задржува нечистотиите.
Поврзани објави
Многу често, нечистотиите ги затнуваат отворите, а тоа го спречува протокот на вишокот вода, но и протокот на воздух. Тоа може да предизвика пропаѓање на билките и да доведе до тоа тие да овенат.
Со оглед на тоа што филтрите впиваат, ќе ја задржат влагата секогаш кога ќе го полевате цвеќето. Нема да има премногу влага за да скапе коренот, туку токму онолку колку што треба. Па така, доколку користите филтри за кафе, нема да морате толку често да ги полевате билките.
Исто така, филтрите за кафе се корисни кога ќе треба да ја пресадите билката. Ќе ја задржат земјата за да не се изрони наоколу.