Почетна МакедонијаОддржана Конференцијата “Социјален дијалог – Состојба, перспективи и предизвици”

Оддржана Конференцијата “Социјален дијалог – Состојба, перспективи и предизвици”

од nenad
1 минути читај за




Вчера се оддржа Конференцијата “Социјален дијалог – Состојба, перспективи и предизвици” која ФЕС ја организираше во соработка и партнерство со Сојуз на синдикатите на Македонија.

Присутни беа сите три главни актери на социјалниот дијалог во државата – Синдикатите, Организацијата на работодавачи и претставници од Владата, каде се дискутираше за важноста на социјалниот дијалог, моменталните предизвици и што може секој од социјалните партнери да направи за тој да биде ефикасен и конструктивен имајќи ја секогаш предвид главната вредност – како да се унапреди состојбата со работничките услови и работничките права во државата – реализација од која сите ние добиваме.