Министерството за одбрана информира дека во текот на последните 24 часа на територијата на Аланија, се регистрани 44 пожари, од кои 14 се активни, девет се под надзор, а 21 се изгаснати. И понатаму кртична е е состојбата во округот Скадар, планината Дајти над Тирана, Каваја, Булќиза, Лежа и Берат.
Во операциите беа вклучени 636 локални сили и 67 противпожарни возила, 329 припадници на вооружените сили со многу возила, хеликоптери, авион „Ер Трактор“ и дрон. Оперативните капацитети остануваат ангажирани на терен и подготвени да интервенираат каде што ситуацијата бара, со приоритет даден на заштитата на животите, домовите, имотот на граѓаните и животната средина, објави албанското МО.
Во меѓувреме, по апсењето на неколку предизвикувачи на пожарите, реагираше министерот за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, нагласувајќи дека секое дејствие што ја нарушува животната средина и имотот ќе се соочи со законот, кој предвидува затворска казна до 15 години.
Во Албанија до сега опожарени се над 15.000 хектари шуми, зафатени се и заштитени подрачја, што го загрозува екосистемот, а предизвикани се големи штети, вклучувајќи губење на домови, маслинови и други насади, шумска маса, штети врз дивиот свет.
Post Views: 62